Важна порака од возач во Брза помош: Кога возиме бавно, а со вклучени сирени, не значи дека се шегуваме…

news
Advertisement

Кога ќе видите дека брзата помош се движи бавно, иако со вклучени сирени, тоа не значи дека возачот се шегува.

Advertisement

Најверојатно превезува пациент со политраума, дете или трудница на породување, или само лекарот е на нозе и се обидува да спаси човечки живот кој виси на конец!

Ова бара прецизно и бавно возење. Ова го велам затоа што е вообичаено другите возачи да свират и да прават непристојни гестови затоа што гледаат кретен кој вози со сирена за итни случаи и во исто време брзата помош се движи бавно.

На овие луѓе им објаснуваме дека не возиме компири, туку луѓе,
а понекогаш, покрај брзо возење, потребно е и побавно возење, бидејќи борбата за живот е на прво место.

Ве молам, почитувајте нè нас возачите на возилата за итни случаи,
дајте ни предност и запомнете дека порано или подоцна секој од вас може да се вози во задниот дел на брзата помош.

Порака од возач во Брза помош

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.