Сергеј проговори за Лила: Еве зошто од најдобри другари станаа непријатели

news
Advertisement

Македонскиот стилист Сергеј Варошлија во поткастот на јутјуберот Стефан Лазаров првпат во детали јавно проговори за својот однос со Лила Филиповска.

Advertisement

Варошлија и познатата водителка и инфлуенсерка во јавноста се прикажуваа како најдобри другари, но по апсењето на шоуменот и бизнисмен Бојан Јовановски тие престанаа да комуницираат.

На прашањето на Лазаров во каков однос е со Лила, Сергеј му одговори дека тоа треба нејзе да ја праша.

„Не сум во никаков однос со Лила. Лила треба да го демистифицира еден ден тоа, но знаејќи ја неа нема никогаш да го направи тоа. Во одреден момент, не знам, од три четири месеци откако се случи се’, она не’ изблокира на телефон и мене и мајка му на Бојан и ги избриша сите слики од „Инстаграм“ со мене.. и рече.. Никако веќе немојте да ми се јавувате.. И не’ блокна“, раскажува Варошлија.

Тој на гледачите им откри дека по одреден период се сретнале во Лептокарија. Кога го видела, наводно се вознемирила и го замолила да не ѝ приоѓа.

Лила беше неразделна и со естрадниот новинар Зоран Василевски, популарниот Зоки Фаци, но и со него наеднаш ги прекина контактите.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.