ВАКА ЛИ ИЗГЛЕДАШЕ ОХРИД ВО 1913 ГОДИНА? Фотографии на Твитер фрлаат ново светло врз историјата на градот

news
Advertisement

Потоа следат фотографии од чинарот со околните дуќани и од хотелот Солун кој постоел покрај езерото. Се дава и фотографија од една од џамиите во Охрид, според описот Зејнел Абидинова. Пред џамијата можат да се видат многу запрежни коли со дрвени тркала кои кажуваат дека ова место било собирно. Можеби ова е сликано од чинарот кон другиот дел на чаршијата.

Advertisement

Профилот „Ретки Фотографии“ или на турски „надиде фотограф“ на кој се споделуваат стари ретро слики од Истанбул и други градови во регионот објави снимки од Охрид од 1913 година. Тие веројатно биле црнобели, но се колоризирани по аналогија како што дозволува денешната техника.

На првата снимка се гледа градот одозгора, може да се насети шеталиштето, кое сега го нема туку има само долг брег кој води кон плажите, а во позадина е планината кајшто би требало да е Велестово. Крововите на куќите изгледаат рустично. На местата кајшто би бил плоштадот и пристаништето има доста зеленило.

На другата фотографија која исто гледа одозгора, но кон модерниот дел од градот, се гледа големо зелено поле. Таму гледачот може да претпостави сега дека се наоѓаат улицата Туристичка и населбите, центарот на Охрид со своите улици и маала.

Потоа следат фотографии од чинарот со околните дуќани и од хотелот Солун кој постоел покрај езерото. Се дава и фотографија од една од џамиите во Охрид, според описот Зејнел Абидинова. Пред џамијата можат да се видат многу запрежни коли со дрвени тркала кои кажуваат дека ова место било собирно. Можеби ова е сликано од чинарот кон другиот дел на чаршијата.

Се вели и дека фотографиите биле направени во мај таа година. Интересно е дека истата година во Букурешт бил потпишан договор со кој Македонија била поделена меѓу своите соседи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.