Вака родителите ги уништуваат децата

news
Advertisement

Еден нивен гест е погубен за самодовербата

Advertisement

Љубомората на родителите може да биде еден од главните виновници за идниот успех на децата.

Родителите на своето дете му го посакуваат најдоброто и сакаат тоа да биде поуспешно од нив. Се трудат да го поддржат и да го насочат на вистинскиот пат, како и да се радуваат на неговите успеси. Затоа, за некои, кои сведочеле на родители љубоморни на успехот на своето дете е збунувачко и чудно искуство.

Од родителите се очекува да бидат горди на достигнувањата и успесите на своите деца. Но, кога таквата поддршка изостанува, таа може да биде штетно и демотивирачко, особено ако децата чувствуваат завист и тоа токму од оние од кои очекуваат најголема поддршка – родителите.

Љубомората ја намалува самодовербата на детето

Психологот Бартон Голдсмит го сподели искуството од една своја клиентка за „Psihology today“. Таа рекла дека била одлична ученичка, но забележала чудно однесување кај нејзините родители кога постигнувала некои завидни резултати.

Поради својот успех, таа некогаш се чувствувала лошо бидејќи ја преплавувале чувства на вина и срам. Тоа влијаело врз нејзината самодоверба и мотивација. Наместо нејзините родители да ги слават нејзините достигнувања, тие ги минимизирале или менувале тема.

Влијанието на родителската љубомора

Од друга страна, истражувањата покажуваат дека родителската љубомора не е невообичаена и може да има влијание врз успехот и благосостојбата на детето. Според некои истражувања, тоа може да доведе до чувство на вина и срам кај децата, како и до намалување на самодовербата. Овие негативни емоции секако може да доведат до намалена мотивација и помал напредок во академските и личните активности на детето.

Управување со родителската љубомора

Родителската љубомора може да се манифестира на неколку начини. Има родители кои ќе ја изразат оваа љубомора преку завист или незадоволство, додека други ќе ги минимизираат или целосно ќе ги отфрлат достигнувањата на детето. Во најлош случај, објаснува психологот Голдсмит, родителите можат свесно или несвесно да го саботираат успехот на детето со цел, на некој начин, да ја задржат контролата и супериорноста над детето.

Ако ги препознавате овие особини кај вашите родители, експертите напоменуваат дека може да преземете некои чекори за да се справите со ситуацијата. Еве неколку стратегии кои можат да ви помогнат во тоа.

– Поставете граници со вашите родители околу вашите достигнувања и вашиот успех, така што ќе им нагласите дека го цените нивниот придонес и поддршка, но и дека сакате свој простор за да ги остварите вашите цели без да се натпреварувате со нив.

= Отворено комуницирајте со нив за нивната љубомора и за тоа што понекогаш се чувствуваат огорчено. Јасно нагласете им дека нивното однесување влијае врз вас.

– Побарајте поддршка од други извори како што се пријателите, менторите или терапевтите. На овој начин ќе останете мотивирани и фокусирани на вашите цели.

– Без оглед на видот на стресот со кој се справувате, грижата за себе е најважна во таа ситуација. Јадете и спијте доволно и вклучете се во активности кои ви носат радост и исполнетост.

– Прославете ги вашите успеси, без разлика што вашите родители не ве поддржуваат. Признавањето на вашата напорна работа преку оброк што сами ќе си го подготвите или излегувањето со пријателите може да ја зголеми вашата самодоверба.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.