Ванковска блиску до 10.000 потписи, на Јакимовски му недостасуваат околу две илјади за претседателската кандидатура

news
Advertisement

Кандидатката на Левица, Билјана Ванковска до вчеравечер собрала 9.085 потписи потребни за официјализирање на претседателската кандидатура. Стевчо Јакимовски, кандидатот на ГРОМ, пак, собрал 7.994 потписи, според податоците објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија.

Advertisement

Професорката Ванковска веќе собра над 9.000 потписи во рекордно време, со што станува јасно дека на овие избори, за прв пат, Левица ќе настапи со свој кандидат за претседател на Република Македонија – велат од Левица.

Ако ги соберат потребните 10.000 потписи, тие ќе им се придружат на Бујар Османи, Максим Димитриевски и Арбен Таравари во претседателската трка.

Постапката за собирање потписи, која почна на 23 февруари ќе трае секој ден од 8 до 20 часот, а последниот ден на 8 март ќе работат до 24 часот. Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ.

Рокот за собирање потписи се однесува и за претседателските и за парламентарните избори.

Претседателските избори се закажани за 24 април, а вториот круг е на 8 мај кога треба да се одржат и парламентарните избори.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.