Василевски: Министерката Тренчевска се однесува игнорантски кон барањата за зголемување на пензиите, ќе ѝ дојде крајот на оваа влада

news
Advertisement

На вечерашната дебата во Свети Николе насловена како „Време за промени во пензиската политика – Нови политика до подобра иднина“ која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ , свое обраќање имаше и пензионерот Кире Василевски кој упати критики до власта до министерката за труд и социјална политика за игнорантскиот однос кој го имаат кон нивните проблеми.

Advertisement

„Ја изразувам мојата почит кон ВМРО-ДПМНЕ која како партија има сенс, осет за проблемите на пензионерите. Први ги препознаа маките на пензионерите и лидерот на партијата, господинот Мицкоски, прв од сите први луѓе на политичките партии во Македонија побара средба со нас пензионерите“, истакна Василевски.

Тој уште еднаш ги наброја барањата на пензионерите од кои рече дека не се откажуваат иако актуелната власт ги потценува и мисли дека ќе ги фати на кондиција.

„Можам само да напоменам неколку барања на здружението, а тоа се веќе познатите, линеарно покачување од 5 илјади денари, минимална пензија помеѓу 18 и 20 илјади, меѓутоа и конечно еднаш да признаеме дека сето ова што ни се случува сега и што им се случува на најголемиот дел од пензионерите некаде 163 илјади моментално во Македонија е резултат на онаа во наводници болна, односно успешна традиција на некоја власт пред многу-многу одамна. Сите тие луѓе се колатерална штета на таа транзиција и на таа буквална кражба на се она што можеше да се рече дека е право на работникот. И токму затоа сега пензионерите ги немаат своите права и не можат да ги остварат, меѓутоа ние сме многу упорни луѓе. Заборавија од актуелната власт дека ќе одиме до крај и дека не можат да не фатат на кондиција, затоа што на наша страна е искуството и знаењето, бидејќи во редовите на „Здружението на борци за достоинствен живот“ се луѓе од различни професии и луѓе кои што знаат да проценат и да донесат вистинска одлука“ потенцираше Василевски и додаде:
„Министерката Тренчевска немаше никакво чувство за тоа, а да не говорам за оваа арогантна власт која замислете на една појава која што е ретка не само во Европа, не само на Балканот туку и во светот гледа со таков игнорантски однос. Каде сте слушнале дека пензионерите излегле на улица да бараат свои права и уште по жално, да бараат достоинствен живот? Тоа го нема никаде. Тоа се случува за првпат во Македонија во овие 32 години и велам за жал. Се надевам дека за многу брзо време ќе помине и сето тоа ќе биде само едно болно минато и дека пензионерите ќе имаат достоинствен живот, дека нема да има солзи на нивните лица кога ќе немаат да им купат на своите внучиња било што“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.