Васко Жабата, кој го освои Балканот, со изненадувачка одлука

news
Advertisement


Пејачот Ангел Павлов, кој ја отпеа песната за Васко Жабата и Цеца Мецата, се откажа од музичката кариера и го напушти познатиот оркестар „Камчија“, пишуваат бугарските медии, пренесува монитор.мк.

Advertisement

Ова го соопшти првиот човек на составот Борис Иванов.

Потсетуваме, во последниот месец, заборавениот хит на оркестарот – „Комбинат-млач“ ги собори сите рекорди на гледаност во Србија, Македонија, па дури и во Хрватска.

„Главниот лик во песната – Ангел Павлов, кој се поистоветува со Васко Жабата, замина во пензија. Има 52 години и деновиве реши да се откаже од музиката. Од свои лични причини. Има свои причини, има други приоритети во животот.Секој од нас работи на нешто друго“, објасни за „Марица“ Борис Иванов, кој е музичар од втора генерација во оркестарот.

Мајката на Борис, Марија, е жената што ја вози жетварката во клипот, а неговиот татко Иван свиреше на гајдата во оркестарот./

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.