(Видео) Битиќи гестикулираше бегање од прес, кога новинарот со кого се искара тргна да прашува

news
Advertisement

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, гестикулираше бегање, кога новинарот од „Алфа“ со кого се искара претходно, дојде на ред да поставува прашање. Шегата на Битиќи дојде откако на почетокот на прес-конференцијата му посочи на новинарот да ги постави на крај.

Advertisement

Ти на крај, на крај, ти си шлагот на крај“, рече Битиќи..

По неколку економски прашања, новинарот постави прашање.

„Добро останувам сега јас со прашањето…“, рече новинарот, на што Битиќи гестикулираше бегање..

Прашањето беше поврзано со членување на Битиќи во арбитражно тело.

„Ти благодарам Матеја што поставуваш интересни прашања, бидејќи те запознав, а не те знаев. Сега имам дополнителен човек што го познавам. Второ поставуваш прашања кои ме мотивираат. Прашањето кое го поставувате е процедура која ја имало наназад 15 години“, му кажа вицепремиерот.

Потоа, Битиќи одговараше и на прашањето.

„Владата номинира членови на ИЦС-ИТ, арбитражно тело. Во претходниот мандат бил вицепремиер, политички активен. Номинирањето не значи ангажман. Веројатноста е дека никогаш нема да биде ангажиран. Освен една госпоѓа, ниту еден друг, не бил ангажиран“, додаде Битиќи.

На крајот го искара дека не бил побаран став од него, иако медиумот имал прашања кои ги посочувал јавно. По завршувањето на пресот, овојпат, немаше бегање од Битиќи, туку поздравување со новинарот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.