Протест на пензионери во Гостивар: Не може да се опстане со 10-12 илјади денари пензија!

news
Advertisement

Група пензионери во Гостивар утрово се собраа на мирен протест и изразија незадоволство од висината на пензиите, со барање за нивно покачување и минимална пензија во износ од 18.000 денари.

Advertisement

Поводот за кој се собравме овде е незадоволството од малите пензии, со 10-12 илјади не може да се опстане, тоа се многу малку пари, луѓето не може ни лекови да платат, а не пак нешто друго, има луѓе кои немаат пари на внучињата да им дадат. Сакам да нагласам дека овој собир нема никава политичка позадина, и не стои никоја политичка партија зад ова. Ние бараме минималната пензија да биде 18.000 денари, покачувањето да не биде процентуално, туку линеарно и да биде 5.000 денари. Исто така, бараме оставка од министерката за труд и социјала Тренчевска, затоа што беше дозволено 7 % да се покачат пензиите, а таа даде само 5 %“, кажа Живка Матеска, како претставник на собраните пензионери, при што сподели податок дека на гостиварското подрачје има околу 6.700 пензионери.

И низ други градови во Македонија изминатиот период пензионерите организираат протести и собири со барање за покачување на пензиите.

За 7 ноември (вторник) најавен е генерален протест во Скопје, на кој ќе учествуваат и пензионери од Гостивар.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.