(ВИДЕО) Филмска потерa низ шумата: Дрвокрадци фатени на дело на Плачковица

News

Заменик-директорот на „Национални шуми“, Кире Михаилов, денеска на Фејсбук објави видео од драматична акција на Плачковица, во која на лице место биле фатени дрвокрадци додека вршеле нелегална сеча.

„Во текот на денешниот ден, на планината Плачковица, во заедничка акција на ЈП ‘Македонски Шуми’, Шумската полиција и ОВР Радовиш, фативме група дрвокрадци на лице место. Станува збор за дел од група која во изминатиот период направи големи штети на шумскиот фонд во овој потег“, напиша Михаилов.

Во рамки на акцијата биле одземени две моторни возила со кои се превезувале украдени дрвни сортименти, една моторна пила, како и други орудија користени за нелегалната сеча.

„Морам да изразам голема благодарност до колегите, шумските полицајци и припадниците на МВР кои професионално и на високо ниво ја завршија задачата. Активностите продолжуваат – нема застанување ниту тука, ниту каде било во Македонија каде што има нелегални активности по шумите“, додава тој.

Поради тековната истрага, повеќе детали засега не се соопштуваат, но Михаилов истакна дека станува збор за дрвокрадци кои ѝ биле добро познати на полицијата и кои и претходно сториле повеќе кривични дела.

 

May be an image of car and text

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *