( ВИДЕО )..ВЧЕРА ПОПЛАВИ ВО ЦРНА ГОРА: Има реки на улиците, автомобили во вода

news
Advertisement

Силно невреме попладнево ја зафати Црна Гора, а поради обилните врнежи поплавени се дел од најфреквентните улици во поширокото подрачје на Подгорица и Скадарското Езеро, предизвикувајќи колапс на сообраќајот!

Advertisement

Како што може да се види на видеото објавено на социјалните мрежи, поради немилосрдниот дожд, улиците се претворија во реки, а автомобилите едвај се движат.

Како што пренесуваат медиумите, можни се обилни дождови и во југозападна Србија, каде има услови за поплави во следните 20 часа, поради интензивните врнежи кои ќе се прошират од централниот регион на Црна Гора кон североисток.

Засега најсилниот појас на врнежи се протега од Црна Гора, преку: Тутин, Пеќ, Лепосавиќ, јужните делови на Нови Пазар.

СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА

Метеорологот Славчо Попоски најави арктичка бомба на Балканот и во Македонија.

– Од петок Балканот ќе биде погоден од снежна бомба и многу длабок циклон кој со продорот на студениот воздух од север ќе се формира над Јадранот.

Со ова во целиот регион, како и во Македонија ќе има обилни врнежи од снег, како на повисоките места и на планините, така и на пониските места (градовите), и ќе владее прекрасна снежна бајка.

Од оваа Акртичка бомба ќе биде зафатена цела Европа – објави тој.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.