Спасувачите кои се обидуваат да извлечат 41 работник од тунелот кој се урна за време на изградбата во индиската сојузна држава Утараханд успеаја преку цевка да им донесат ендоскопска камера.
Утрово се појавија првите снимки од луѓето кои таму се заробени веќе девет дена.
Камерата поминала низ нова цевка која спасувачите успеале да ја издупчат и со неа на работниците им го испратиле првиот зготвен оброк по инцидентот што се случи на 12 ноември во шишиња.
Би-би-си јавува дека до сега работниците добивале само сува храна преку старата, тесна цевка.
Контакт со работниците бил воспоставен набргу по инцидентот во тунелот, а на затрупаните луѓе преку првата цевка им бил даден кислород и вода.
Спасувачите синоќа успеале да пробијат нова цевка со пречник од повеќе од 15 сантиметри и преку неа врз флексибилниот кабел ставиле мала камера, па така првпат можеле да ја видат состојбата на работниците.
Еден од службениците кои учествуваа во спасувачката мисија побара од работниците да застанат пред камерата и да пријават, што и го направија.
После тоа им рекол дека брзо ќе ги извлече од таму и побарал секој од работниците да се претстави.
ИЗВОР… https://4news.mk/video-prva-snimka-od-srusheniot-tunel-41-rabotnik-devet-dena-zaroben-preku-tsevche-primaat-kislorod-i-hrana/?fbclid=IwAR1_vIU6gpZehGfPrpkw0bmwqguzWDdSbbDBB1z4EA40-9M0hQiIxPXgkC8