Ист Гејт: По обезбедување на сите безбедносни мерки, трговскиот центар продолжува со нормална работа

news
Advertisement

Се огласија и од Ист Гејт Мол после денешниот инцидент кога во подземните нивоа на трговскиот центар се случило пукање, при што две лица се здобиле со прострелни рани, и веднаш се пренесени во Градската болница „Св. Наум Охридски“, а едниот е препратен на Торакална хирургија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Advertisement

„Во врска со инцидентот кој се случи денес во трговскиот центар Ист Гејт Мол во 15 часот, би сакале да ја информираме јавноста дека трговскиот центар, по обезбедување на сите потребни безбедносни мерки продолжува со нормална работа по обезбедени мерки за тековна оператива.

Се работи за изолиран инцидент, лоциран на подземните нивоа во трговскиот центар. Надлежните служби вршат увид во моментов на местото на настанот, но трговскиот центар продолжува со утврдениот нормален режим на работа до 22 часот.

Трговскиот центар е обезбеден со соодветно физичко обезбедување и технички системи за безбедност и мониторинг наменети за обезбедување на сигурноста и безбедноста на посетителите.“, стои во соопштението на Ист Гејт.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.