Пукањето прераснало во престрелка во „Ист гејт“: За живот се бори придружбата на Штекли – чаурите испукани во среде трговски

news
Advertisement

Повеќе куршуми биле испукани во „Ист гејт“, каде ранет беше Раде Трајковски-Штекли. Чаурите се уште сведочат за обидот за убиство на Штекли. Пукањето прераснало во престрелка. Крвавиот пир се одвивал пред очите на посетителите. За разлика од пред два месеци кога пукањето беше на паркинг, овојпат, обидот за ликвидација бил внатре во трговскиот, близу ескалаторите, велат сведоци за „Скопје1“.

Advertisement

Според неофицијалните информации од наши извори, освен Штекли , рането е и лице кое било негова придружба при посетата на трговскиот. Во витална регија, било погодено лицето кое го придружувало. Кога почнале да пукаат кон нив, неофицијално, тие возвратиле на исти начин – со пукање. Посетителите се разбегале.

Штекли, но и придружбата се тешко повредени. Двајцата се транспортирани во болница. Едниот е во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“, додека другиот повреден е во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

„Скопје1“ претходно објави и други детали.

Извор: https://skopje1.mk/archives/253956

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.