ПЕСНАТА КОЈА СТАНА ВИРАЛНА ВО МАКЕДОНИЈА: Кои се Васко Жабата, Цеца Мечката и Виктор Калев?

news
Advertisement

А можеби се сеќавате и на Башта ми е кондуктор.

Advertisement

Ако не се сеќавате во продолжение видео да се потсетите од легендарната песна

Во оригиналот песната се вика „Комбайна-вършачка“ и е стара осум години. Сепак, дури сега стана огромен хит на Балканот.

Дали во последните неколку дена наидовте на објави и мемиња на социјалните мрежи во кои се споменува „Жабата Васко“? Станува збор за песна на бугарскиот ромски бенд „Камчија оркестар“ по која Македонците „полудеа“.

Иако нема никаква смисла, песната според мислењето на многумина е интересна и привлечна, поради што не престанува да се зборува за неа.

Многумина беа особено воодушевени од рефренот кој гласи: „На гитарата Васко жабата, свирите драги гости само за вас“, што во превод значи: „Васко жабата е на гитара, ќе свири драги гости, само за тебе“.

Сепак, „Васко жабата“ не е единствената ѕвезда. Во вториот рефрен колегата ја опеа и пејачката на бендот: „На микрофон Цеца мечката, таа пее, драги гости, само за вас“.

Тоа беше доволно за некои од обожавателите на песната да направат голем „хајп“, па на социјалните мрежи само зборуваат за тоа.

Некои отидоа чекор подалеку, и направија верзија од самиот рефрен на YouTube, „Васко жабата“ и „Цеца мечката“, во траење од еден час или повеќе.


Бугарската група стана ѕвезда на мемињата на Твитер и другите социјални мрежи, па некои коментираат дека имаат сериозен проблем и не можат да ја извадат песната од глава.

Мозокот ми е толку yништен што нема ништо во него, само хор кој континуирано ја пее „Васко жабата на гитарата“.

Мојот мозок полека но сигурно се претвора во каша со бескрајниот гитарски ремикс на Vasko žabata / ljuuudi, загадувањето станува се поголемо. се дел од коментарите на Твитер/news24/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.