(ВИДЕО)..Дали повторно ќе трча за шеф на државата – интервју со Гордана Силјановска-Давкова

news
Advertisement

Новото дебатно издание на емисијата „360 степени”, во кое гостува пратеничката и универзитетска професорка во пензија Гордана Силјановска-Давкова, се емитува в понеделник (6 ноември 2023 г.) од 20:15 часот на МРТ 1

Advertisement

Во новото дебатно издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1 гостува Гордана Силјановска-Давкова, пратеничка во Собранието и кандидатка за претседател на државата на изборите во 2019 година, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Во политичката кариера од 1992 до 1994 година беше министерка без ресор во првата влада на Бранко Црвенковски, како кадар на тогашната Либерална партија. Силјановска-Давкова е позната и како доскорешна професорка по уставно право и политички систем на Правниот факултет при УКИМ. Интервјуто со неа го правиме во екот на позиционирањето на партиите пред изборите в година, а името на Силјановска-Давкова повторно се спомнува како можен кандидат за шеф на државата од најголемата опозициска партија. Освен за изборите, разговараме и за уставните измени, пристапниот процес за ЕУ, односите со Бугарија…

Извор: https://360stepeni.mk/video-v-ponedelnik-vo-360-na-mrt-1-dali-povtorno-ke-trcha-za-shef-na-drzhavata-intervju-so-gordana-siljanovska-davkova/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.