Во Велешта остана само 10% од младината

news
Advertisement

Од некогашната општина Велешта, модерна и урбана населба, денес останаа само празните куќи и постарите луѓе. Нјаголем дел од жителите се отселени во странство, и сега се останати едвај 4000.. Во основното училиште годинава се запишаа само 35 првачиња, а вкупно учат околу 300 ученици, иако некогаш бројот бил 1500 ученици.

Advertisement

„Ситуацијата во Велешта е многу тешка. Пред неколку години немаше место каде да одиш по ресторани. Денес е се празно. Нема никој. Младината избега целосно надвор.Затоа што овде најголема плата е 200 до 250 евра, а со 250 евра што може да направиш. Подобар живот има надвор. 1500 куќи има во Велешта. Денес е пазарен ден во Велешта, а ако излезиш нема никој, сега е празно. Овде немаше каде да се паркираш во саботите од народ што доаѓаше да купува храна и други работи“, вели еден жител на Велешта.

„Жалиме за убавите времиња, но што може да направиме. Со луѓе, е полна куќата, полно е селото. Без народ е тешко. Имам 10 души надвор блиски, два сина, внукот со жена со деца. Сите избегаа. И овде имам но таму се повеќе. Два сина ми се во Швајцарија, двајца ми се во Шведска“, додаваат жителите.

Локалните жители велат дека во селото се остани само 10 посто од младите.

Во Велешта има бројни хотели и ресторани, но работат на лето, кога доаѓаат печелбарите.

„Нашите кои се таму со јаки фирми ги повлекуваат и им даваат можност за бегање. Последните 10 години општината нема инвестирано во Велешта, ништо.Сите сами од себе си инвестираат“, рече Гајур Каба-сопственик на хотел.

Пазарен ден во Велешта, но наместо тезги, на некогашното место кое што било место на главните случувања во Велешта, сега има само неколку тезги. Овдешните продавачи велат дека порано се барало место повеќе, дури претходно требало да се резервира место за да се донесе некој производ. Сега ситуацијата е многу поразлична од пред десеттина години.

Покрај со инфраструктурата, во Велешта има проблеми и со водата за пиење посебно во летните месеци и жителите се принудени да копаат бунари.

Покрај со инфраструктурата, Велешта има чести проблеми и со водата за пиење особено во летните месеци, а жителите се приндеуни да копаат сопствени бунари. Велешта во минатото стана и светски позната, откако светските медиуми ја прогласија за центар на проституцијата во Македонија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.