Нема спас од пластичните ќеси

news
Advertisement

Пластичните кеси сè уште имаат широка намена. За заштита на животната средина, трговците првично го почитувале законот и продавале хартиени кеси и други материјали. Но, трошокот од 15 или 30 денари за една кеса, го отежнува буџетот на граѓаните, и оваа мерка ја изгуби смислата на својата првобитна намена.

Advertisement

Од Министерството за екологија соопштија дека ги следат европските стандарди и дека отсега ќе произведуваат биоразградливи кеси. Во име на незагадување на животната средина, не беше стори ништо освен оптоварување на џебовите на граѓаните да плаќаат за пластични кеси насекаде во продавниците.

Додека во ланците на супермаркети ќесите и торбите за повеќекратна употреба се наплатуваат состојбата на зелените пазари е сосема поинаква. Пазарџиите велат дека ако ги наплаќаат ќесите, тие ќе ги чинат муштериите повеќе од овошјето и зеленчукот што ги купуваат.

Еколозите велат дека ако државата сака да ја заштити животната средина и да го намали загадувањето на воздухот, пластичните кеси се последни. На прво место, најголеми загадувачи се тешките индустрии, греењето на фосилни горива, како што е случајот со околу 700 јавни институции, старите возила без еколошки стандарди, горењето на депониите и греењето на домаќинствата. Според нив, наплатата на пластичните кеси најмногу се врши за материјални придобивки на производствените компании и трговците.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.