ВИДЕО | Два града оддалечени 500 километри се поврзани со дигитален портал: Луѓето можат да се видат во реално време

news
Advertisement

Иако поделбите меѓу луѓето се присутни уште од античко време, модерните ситуации бараат модерни решенија. Едно такво иновативно решение било создадено пред две и пол години во Вилнус и Лублин. Имено, овие прекрасни европски градови на своите улици изградиле „портал“ кој ги поврзува, а значењето зад овој проект е навистина неверојатно, пишува „Путни кофер“.

Advertisement

Во средината на 2021 година, градовите Вилнус во Литванија и Лублин во Полска поставиле необични „дигитални скулптури“ на своите улици, кои веднаш го привлекле вниманието ширум светот. Во самиот центар уметниците и инженерите поставиле таканаречени „портали“ кои се опремени со големи екрани и камери кои постојано емитуваат слики во живо помеѓу овие два прекрасни града. Според организаторите, тоа е еден вид „дигитален мост“ кој има за цел да ги поттикне луѓето „да ја преиспитаат својата перцепција за светот околу нив“.

„Човештвото се соочува со многу предизвици: без разлика дали се работи за социјална поларизација, климатски промени или економски прашања. Меѓутоа, ако погледнеме внимателно, не е недостатокот на брилијантни научници, активисти и лидери причина за овие предизвици. Тоа е недостаток на емпатија и тесна перцепција на светот, која често е ограничена со нашите национални граници“, порачаа организаторите при претставувањето на проектот пред јавноста.

Тие додадоа и дека овој проект е всушност „мост кој ги поврзува луѓето“ и дека нивната желба е да испратат покана до сите нас да се издигнеме над предрасудите кои владеат со светот.

Веднаш по поставувањето на „порталот“, на улиците на овие градови можеа да се забележат луѓе како си мафтаат меѓу себе, праќаат бакнежи или прават склекови. Дизајнот на „порталот“, наменет да го евоцира „тркалото на времето“ и „добро познат научно-фантастичен симбол“, го осмислија инженерите од Центарот за креативност и иновации на Техничкиот универзитет Гедиминас во Вилнус – познат како Вилнус Техника.

Се подготвувал пет години, а неговата презентација по избувнувањето на пандемијата била добро темпирана. Во иднина се планира да се додадат портали и во други градови, велат организаторите.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.