ВИДЕО: Драматични снимки од неверемето во Србија, издадено е ново предупредување

news
Advertisement

Невреме ја зафати Србија и предизвика материјална штета, а припадниците на Секторот за вонредни состојби евакуираа 15 лица.Како последица на невремето без струја останаа делови од Војводина и Белград.

Advertisement

Поради невремето вчера времено беше затворен белградскиот аеродром „Никола Тесла“, а потешкотии имаше и во функционирањето на железничкиот сообраќај.Десет лица, меѓу кои пет деца, спасиле пожарникарите од шумата во Беочин во населбата Дунав, а една жена е спасена од автомобил во Бегеч.

Пожарникарите спасија маж од чамец на кој падна дрво на островот Рибарски во Нови Сад, додека пожарникарите од Крагуевац спасија три лица.

Во Сремска Митровица силниот ветер носеше се пред себе, а невремето го зафати и Шабац, каде се урнаа покриви, а паѓањето на ќерамиди ги оштети автомобилите на улицата.

https://www.instagram.com/192_rs/?utm_source=ig_embed&ig_rid=1d5d6a56-557a-4a89-b90c-2de394cc0f67&ig_mid=20EFFFF7-3C8C-4391-A566-057F0F737006

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.