Advertisement
[ВИДЕО] Драма во авионот: Насилниот патник го врзале со кабли
Кабинскиот екипаж, како и патниците на летот Дубаи-Исламабад доживеале вистинска непријатност за време на летот.
Advertisement
Имено, пијаниот патник почнал да прави проблеми, а кабинскиот екипаж бил принуден да го собори и да го врзе со кабли, што може да се види на видеото кое кружи на социјалните мрежи.
Непријатниот инцидент се случил на летот на Емирати, објави пакистанскиот новинар Амир Матин.
Според другите патници, човекот бил пијан и крајно насилен.
Според пакистанскиот новинар, човекот од видеото бил приведен по слетувањето.
Advertisement