Дека успеал да ги обезбеди потребните потписи за официјализирање на претседателската кандидатура, Димитриевски информира вечерва преку својот фејсбук-профил
Кумановскиот градоначалник и лидер на Движењето За наша Македонија (ЗНАМ), Максим Димитриевски, е третиот претседателски кандидат кој успеа да ги собере потребните 10 илјади граѓански потписи и со тоа да си обезбеди место на претстојната трка за шеф на државата. Дека успеал да ги обезбеди потребните 10 илјади потписи за официјализирање на претседателската кандидатура, Димитриевски информира вечерва преку својот фејсбук-профил.
„Над 10 илјади потписи за кандидат за претседател! Благодарам за поддршката. Продолжуваме заедно до конечна победа!“
пишува во фејсбук-објавата на Максим Димитриевски.