(ВИДЕО) Евакуцаија на семејства од зградата – се запали казино во Велес

news
Advertisement

Чадот што пред 18 часот почнал да излегува од внатрешноста на казиното спроти црква „Свети Јован Крстител“ е причина за евакуирање на жителите на првата зграда во овој комплекс во Нова Населба во Велес, пренесува „Дума.мк“.

Advertisement

Повеќе од деведесет минути сите семејства, со голем број на деца, се пред зградата велат жители од спротивната страна на улица „Благој Ѓорев“.

Во казиното, кое се наоѓа во приземјето на зградата интервенирале пожарникари кои го гаснеле пожарот додека возило на ТППЕ Велес се уште е на лице место како и возила со екипи на Итна медицинска помош.

Официјални информации за причините на пожарот и штетата како и за вознемирувањето на граѓаните кои живеат во зградите се очекува да даде Полициската станица на Сектор за внатрешни работи Велес.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.