ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Битиќи за „Слободен печат“: Владата ќе ги зголеми пензиите за ранливите категории, а ќе растат и платите

news
Advertisement

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во емисијата „Слободен печат“ најави дека преговорите со претставници на пензионерите резултирале со поместување во корист на барањето на пензионерите да се покачат пензиите за ранливите категории до просечна плата со дополнителна помош соодветно на нивната основица се до април. Во март рече Битиќи ќе следи редовното покачување со новото редовно усогласување.

Advertisement

Битиќи говореше дека во преговорите со работните групи се вклучени здруженија на пензионери, Сојузот на пензионерите и со Партијата на пензионерите, односно оние кои се претставници на пензионерите и е констатирано дека методолигијата е одличен модел на усогласување на пензиите.

Вицепремиерот смета дека мерките даваат резултат, а инфлацијата е на ниво како пред кризата.

„Мерките што ги преземаме даваат резултат. Кажавме дека до крајот на годината ќе ја завршиме на висина со скоро исто ниво на инфлација како што имавме и пред кризата. 3.5% последната инфлација, последниот месец“ рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој додаде дека минатата година во октомври инфлацијата беше 19.8 отсто, со што намалувањето на само 3,5 е сериозно.

„За година дена да стигнете до 3.5% значи дека има сет на мерки кои се преземаат за да се спушти. Зголемувањето на цените во малопродажба е само 1% во последниот месец, тоа значи дека нема промена на цени“ заклучи Битиќи.

Тој најави зголемување и на минималната плата но и на просечната.

„Минималната плата досега е зголемена за 120 проценти и во март ќе се згоми на 22.500 денари, додека просечната за 60%, што значи таа уште ќе расте.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.