Адеми не добил известување дека Меџити и Коџаџику ја напуштаат пратеничката група на ДУИ

news
Advertisement

Пратеникот и координатор на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми, денеска изјави дека формално тие уште имаат 15 пратеници бидејќи Иџет Меџити и Мерита Коџаџику се уште не најавиле дека заминуваат од оваа пратеничка група.

Advertisement

-Нашата пратеничка група броеше 15 пратеници, но формално се уште брои, од причина што како координатор на пратеничката група сè уште немам формална одлука за отцепување од пратеничката група. До овие моменти немам никакво известување дека пратеничката група се намалила или пораснала, рече Адеми за летното издание на Клик плус на ТВ 21.

За заминувањето на Иџет Меџити од партијата и најавата за формирање на ново политичко движење, Адеми тврди дека тие разбрале од медиумите. Адеми, како што кажа, жали за оваа одлука, но според него, тој бил добро третиран од ДУИ и Ахмети.

-Од медиумите сме информирани за новата политичка определба, во овој случај сакам да нагласам дека се работи за значајни личности кои имале високи политички и партиски функции, биле третирани многу добро во ДУИ, изјави координаторот на пратеничките групи на ДУИ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.