ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Битиќи за „Слободен печат“: Ако се побара од мене да служам како премиер подготвен сум да го прифатам предизвикот

news
Advertisement

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во утринското гостување во емисијата „Слободен печат“ изјави дека доколку општествениот консензус побара од него да служи на позиција премиер, тој би го прифатил предизвикот.

Advertisement

Јас велам дека мојата амбиција е да служам на граѓаните, ако се побара од мене да служам како премиер подготвен сум да одговорам на највисоко можно ниво на функцијата – вели Битиќи.

Очекувањата на Битиќи се дека ќе има одвоени избори – претседателски и парламентарни, а најави и дека наскоро ќе почне процедурата за избор на кандидат на претседателските избори.

Нашите проекции се дека на претседателските избори ќе победи нашиот кандидат и дека тоа е доволно за да на парламентарните избори европскиот фронт има доволно пратеници да ја формира следната влада – додаде Битиќи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.