(Видео) Казните се минимални, а очекувавме максимални – татко на загинат во несреќата кај „Ласкарци“ незадоволен од казните

news
Advertisement

Благојче Трпевски од Гостивар, чин син Јовица загина во автобуската несреќа кај „Ласкарци“, незадоволен од пресудата на Кривичен суд, порача дека обвинетите требало да добијат максимални казни, а не минимални. Тој рече дека немало ваква трагедија, а казните се лошо одмерени.

Advertisement

Ние очекувавме максимални казни дека ќе добијат обвинетите. Првообвинетиот доби четири години. Како да бидам задоволен кога 16 луѓе ги изгубија животите и ја слушнавте пресудата за што се товарат. 38 луѓе се тешко повредени. И мислам дека ова се најминимални казни кои можеше да ги добијат.

Донесена е пресудата за сообраќајната несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 жртви. Сите обвинети се прогласени за виновни од страна на Кривичниот суд. На Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, доби четири години затвор. Одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари доби шест години затвор. На возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, изречен му е затвор од 14 години. Тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски добија затвор од по пет години.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.