СО 3,8 МИЛИОНИ ЕВРА ЦЕЛОСНО ОБНОВЕН ПАТОТ ОД СКОПЈЕ ДО ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН „БЛАЦЕ“

news
Advertisement

Обновен е патот Скопје – граничен премин „Блаце“ во должина од 10 километри, Вредноста на изведените работи е 3,8 милиони евра. Изградбата на првите два километри од автопатот на оваа релација се во завршна фаза. Очекувањата се дека ќе бидат пуштени на крајот од март.

Advertisement

Завршницата на рехабилитација на патот ја означија министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми. Обновената делница, беше посочено, била запоставувана со години, а како дел од рутата 6 од европската транспортна мрежа е многу значајна заради проширување на европските патни мрежи кон Западен Балкан.

„Завршена е целосно обновата, имаме нова еластична ограда, делумно проширување на патот, како и санација на тунелот. Со тоа ја подобривме и безбедноста на патот, кој е еден од четирите кои водат кон граничните премини што ги завршивме изминатите месеци, Битола – Меџитлија, Струга – Ќафасан, како и Крива Паланка – ГП ‘Деве Баир’, што значи дека поврзувањето со соседите за нас е од исклучително значење“, нагласи министерот Бочварски.

Воедно, наведе дека зависно од временските услови се очекува на крајот од март да бидат пуштени првите два километри од автопатот во изградба.

Според најавите, во наредниот период ќе бидат пуштени во употреба реконструираните патни правци Катланово – Велес и Велес – Градско.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.