(Видео) Косовскиот министер за финансии, Мурати целиот со брашно

news
Advertisement

Симболична акција против министерот за финансии на Косово, Хекуран Мурати. Информациите се дека тој им објавил војна на работниците.

Advertisement

Лидерот на вонпарламентарната ПСД, Дардан Молиќај сподели видео на кое се гледа како двајца активисти го посипуваат Мурати со брашно на паркинг во центарот на Приштина. Министерот без воопшто да прозбори продолжува кон своето возило.

„Симболична акција за работниците. Не може да се нормализира војната без преседан што Хекуран им ја објави на работниците. Затоа, акција, интервенција, отпор“ – напиша Молиќај.

Просветните работници, но и останати вработени во јавниот сектор штрајкуваат со барање за зголемување на платите.

Мурати, според информациите на косовските медиуми, одбива да им ги исплати платите за минатиот месец на оние што штрајкуваат, односно се заканува дека тие ќе им бидат намалени за времето поминато во штрајк

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.