(Видео) Коциќ: По 11 неуспешни обиди на ДПМНЕ, го реализираме стратешкиот енергетски проект „Чебрен“

news
Advertisement

Започнува реализација на стратешкиот и исклучително важен енергетски проект Чебрен, инвестиција вредна над 1 милијарда евра.

Advertisement

Станува збор за огромен енергетски капацитет кој драстично ќе влијае на енергетската независност на земјава и на стабилноста на системот.

Со овој нов енергетски капацитет може да се задоволат потребите на 250 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија, истакна на денешната прес-конференција Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

Зголемено производство од обновливи извори, според него, значи сигурна енергетска иднина и стабилна цена на струјата.

„Во однос на водата, интерес на државата е да има уште една голема акумулација. Придобивките кои се големи, енергетски но и за заштита од поплави, регулација на речното корито, водоснабдување.

Приватниот инвеститор ќе добие дозвола за вода за производство на електрична енергија, и само за тоа. Не може да прави што сака со водата, затоа што во законот за води јасно е наведено што е приоритет.

Обезбедени се сите потреби на земјоделците за наводнување за целокупната обработлива површина на целиот зафат и пошироко, со задоволување на потребните количини согласно Законот.

ДПМНЕ 11 пати објавуваше тендери за Чебрен за реализација и не успеа. СДСМ направи успешна постапка со што овој огромен и значаен проект ќе се реализира“, истакна Коциќ.

Со успешната постапката којашто ја спроведе СДСМ, како што појасни заштедени се 100 милиони евра, пари на граѓаните.

„Скандалозно, Владата на Никола Груевски и ДПМНЕ во 2013 година со Одлука го доделила „Тиквеш“ на приватниот инвеститор, 3 месеци по добивање на одобрението за градба на ХЕЦ Чебрен.

СДСМ, со измена на таа одлука го внесе „Тиквеш“ во заедничка компанија 3 месеци по пуштање во работа на ХЕЦ Чебрен.

Тоа е суштинска и огромна разлика со која се заштедуваат 100 милиони евра, пари на граѓаните.

Владата на ДПМНЕ и Никола Груевски, на кого Мицкоски му беше советник за енергетика, 100 милиони евра сакала да му поклони на приватниот инвеститор“, оценува тој.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.