(Видео) Кој се журкаше во Ѓорче: се појавија ексградоначалници кои се повлекоа од јавност

news
Advertisement

Поранешни и сегашни градоначалници, пратеници, врвот на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски, беа на прославата по повод „Денот на Општина Ѓорче Петров“. Меѓу присутните, по подолго време, во јавност се појавија и ексградоначалниците Сокол Митровски, како и Коце Трајановски. На гости дојде и Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Кисела Вода. Присутни беа и пратениците Бојан Стојаноски, како и Владо Мисајловски. На поканата се одзваа и советниците од СДСМ, а дел од нив беа и на коктелот. Во друштво на Мицкоски беше и Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

„На површина од 3.285 м2 поделена на 5 нивоа, со 66 нови канцеларии, 2 сали за состаноци, амфитеатар, 4 чајни кујни, тоалети и тоалети за лица со инвалидитет, два лифта и останати технички простории, вечерва беше пуштена во употреба новата општинско-административна зграда на Општина Ѓорче Петров. Граѓаните на Ѓорче Петров конечно, после деценија градба, ќе добиваат централизирани услуги на едно место, а на вработените им се овозможуваат сите современи услови за работа“, напиша Стојкоски.

Појавувањето на ексградоначалникот на Скопје, Трајановски во јавност, е исклучително ретко. Последно, беше во време на локалните избори. Ексградоначалникот на Ѓорче Петров, Митровски, по завршување на мандатот во 2017 година, првпат се појавува на голема прослава.

Извор: https://skopje1.mk/archives/245399

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.