(Видео) Кревети и врати се користат за бадникарските огнови во Скопје

news
Advertisement

Кога нема дрва, за бадникарските огнови се користат врати и стар мебел. Ваквото однесување на граѓаните кои ја слават традицијата, доаѓа во време кога Скопје се бори загадениот воздух кој секојдневно ги гуши граѓаните. Снимката на која се гледа како цел кревет се пали во бадникарски оган е направена на Водно.

Advertisement

На друга локација, во огинот беше фрлена врата.

Скопјани се решија да ја одржат традицијата со бадникарскиот оган. Неретко, можеше да се затекне и неодговорно однесување. Дали инспекторатот на Град Скопје бил на терен оваа вечер, засега е непознато.

Ова е стара македонска традиција, вечерта пред Бадник да се дочека надвор, крај оган, со чашка греена ракија во рацете, со погача, со македонски песни, со желби за здравје.

Вчерва, воздухот во Скопје беше енормно загаден како и минатите денови. Како последица на тоа и маглата, надвор беше целосно непрегледно.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.