Македонски концепт: Заев да каже дали има удели во фирми во Грција, Дубаи, Индија, Африка…

news
Advertisement

Наместо закани, добро е Заев да даде одговори дали има сопственост или удели во фирми во Грција, Дубаи, Индија, Африка и разни острови низ светот, се вели во реакцијата на партијата Македонски концепт, „на искажаните закани кои Зоран Заев, премиер во сенка, ги упати кон националниот лидер на нашата партија Петар Богојески во интервјуто за неделникот ‘Фокус’ во кое тој отворено зборува за криминалното поведение на македонските политички елити“. „Заканите и подметнувањата нема да не поколебаат кон нашата цел, а тоа е целосен рестарт на државниот систем и со тоа и правда за арамиите, кои се служат со такви методи.

Advertisement

Наместо закани, добро е Заев да даде одговори дали има сопственост или удели во фирми во Грција, Дубаи, Индија, Африка и разни острови низ светот?

Тие одговори не ги бараат само Македонски концепт и Богојески, туку сите македонски граѓани во земјава.

Нулта толеранција кон криминалот и корупцијата, а тоа дополнително ќе го покажеме откако македонските граѓани ќе ни дадат можност да управуваме со државните институции за прогон на криминалците, особено оние од политиката“, се вели во реакцијата на Македонски концепт.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.