Не се крши законот со тоа што Џафери е предложен за технички премиер, вели Ковачевски

news
Advertisement

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека не се крши законот со тоа што Талат Џафери е предложен да биде премиер на техничката Влада. Ковачевски потенцира дека се постапува според она што го предвидува законот.

Advertisement

Прво, не се крши законот, затоа што и денес и претходната влада е коалициска влада и ако го погледнете мандатот којшто го доделува претседателот на државата тој го доделува на коалиција која што има 61 најмалку пратеник во Собранието. Така се доделува мандатот, на оние кои што имаат 61 пратеник. И така се доделуваат мандатите, така што со тоа ништо не се крши. Се што е предвидено е предвидено во законот. Со закон нема импровизација. Претходното прашање беше владеење на право и почитување на закон. Не може едни закони да бараме да се почитуваат, а други закони да видиме што да правиме ако не се почитуваат. Законите постојат за да се почитуваат, изјави премиерот одговарајќи на новинарски прашања, по денешната конференцијата „Транспарентност и отчетност: Совршен пар за враќање на довербата во јавните институции“.

Тој додаде дека е обврска на сите политички партии да учествуваат во влада која треба на техничко ниво да ги спроведе изборите, посочувајќи дека сите партии согласно законот треба да ги делегираат своите претставници во техничката влада која што ќе работи 100 дена.

Техничката влада е законска обврска, исто како што е за мене законска обврска на 100 дена пред влада да поднесам оставка со што целата влада е практично во оставка. Обврска е на сите политички партии да учествуваат во влада која што треба на техничко ниво да ги спроведе изборите. Со тоа ќе имаме демократски процес на којшто нема да има ниту една дамка и сметам дека сите партии согласно законот треба да ги делегираат своите претставници во техничката влада која што работи 100 дена, нагласи Ковачевски одговарајки на новинарско прашање што доколку ВМРО-ДПМНЕ одлучи да ја бојкотира техничката Влада на конференцијата „Транспарентност и отчетност: Совршен пар за враќање на довербата во јавните институции“.

ДУИ одлучи: Талат Џафери ќе биде технички премиер до изборите

Преодната или техничка влада за организирање на парламентарните избори на 8 мај 2024 година, треба да се гласа на 28 јануари. Засега е познато дека премиер на техничката влада ќе биде актуелниот претседател на Собранието Талат Џафери.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.