ДУИ избира нови партиски функционери

news
Advertisement

Започна одржувањето на состанокот на Централниот совет на Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во Тетово, на кој пристигнаа и претставници на таканаречената „Огнена група“. Состанокот го води претседателот на партијата, Али Ахмети.

Advertisement

Тој пред да започне средбата на кратко за медиумите истакна дека во ДУИ нема поголеми проблеми и ќе се продолжи со развој на партијата.

Општ состанок на Советот, се избира претседателство, се избираат потпретседатели, генерален секретар, ќе се разговара за патот на развој на политиката, епилог е: ДУИ продолжува, нема незадоволство, има дијалог, менаџирање, дебатирање за процесот, нема огнена група, изјави Ахмети.

Овој состанок на членовите на Централниот совет на кој ќе се избираат нови партиски функционери, следува откако минатиот месец таканаречената „Огнена група“ побара реформи во ДУИ, а одредени луѓе да понесат одговорност.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.