ИЗВРШИТЕЛИТЕ СЕ ЖАЛАТ дека работата им станала НЕИСПЛАТЛИВА и тарифите им биле многу ниски

news
Advertisement

Ниските тарифи кои со последните измени им се наложени на извршителите, но и други проблеми со кои се соочуваат, ја направиле нивната професија неисплатлива, поради што нема интерес за извршители, особено надвор од Скопје, се пожалија членовите на Комората на извршители, на тркалезна маса во Битола.

Advertisement

Тие велат дека поголемиот дел од нивната работа, околу 80 отсто, отпаѓа на комуналните предметни, а за некои не можат да ги наплатат трошоците на извршувањето. Исто така, извршителите не може да наплатат услуга кај социјалните случаи, па се случува да финансираат наплата на туѓо побарување од сопствен џеб.

Извршителите бараат нивната работа да се уреди како во судовите – со секое барање за извршување да се уплаќа одредена сума, за извршителот воопшто да почне да работи – по примерот на судските такси.
„Бараме измени на Законот за извршување со воведување на надомест за отпочнување на процес на извршување. Поднесуваш барање за извршување со извршна исправа и треба да платиш одреден износ за да може да почне да работи извршителот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.