„Прва во историјата“: Финалистка на изборот за Мис на Англија се натпреварува без шминка

news
Advertisement

Студентката Мелиса Рауф, која се натпреварува во финалето на изборот за Мис на Англија, стана првата натпреварувачка без шминка во 94-годишната историја на изборот. 20-годишната Мелиса ги импресионираше судиите во Лондон за време на полуфиналето во понеделникот, откако излезе на пистата без шминка на лицето, а сега се надева дека ќе ги инспирира и другите жени да се чувствуваат поудобно во сопствената кожа. Таа го опиша пласманот во финалето како „прилично застрашувачко искуство“, додавајќи дека би било неверојатно да се победи на овој начин. „Ова многу ми значи затоа што се чувствувам како многу девојки од различни возрасти да се шминкаат затоа што се под при тисок да го направат тоа“, рече таа. „Никогаш не сум почувствувала потреба да ги исполнувам стандардите за убавина. Неодамна прифатив дека сум убава во своја кожа и затоа решив да се натпреварувам без шминка“, објаснила таа.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.