Захариева: Би била голема грешка повторно да се стопира европскиот пат на С. Македонија

news
Advertisement

Би била голема грешка повторно да се стопира европскиот пат на Северна Македонија. Мора да се инсистира да се спроведе преговарачката рамка, изјави за БТВ поранешната шефица на бугарската дипломатија и потпретседателка на партијата ГЕРБ, Екатерина Захариева.

Advertisement

Според неа, правилна одлука е прифаќањето на францускиот предлог од страна на ЕУ за преговарачката рамка со Македонија.

-Ова ја ескалира ситуацијата во Северна Македонија на некој начин, што уште еднаш кажува дека овој предлог е правилна одлука. Тамошните власти треба да се обидат да ја смират тензијата, а не да ја ескалираат. Додека не го признаат проблемот и не почнат да работат, нема да го решат, изјави Захариева.

Според неа, барањето на лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов да се врати ветото им помага на радикалите во Македонија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.