Во „Козле“ хоспитализирани околу 40 деца, стабилна состојбата по стартот на второто училишно полугодие

news
Advertisement

Од почетокот на второто полугодие од учебната година нема зголемување на бројот на прегледи и хоспитализации во болницата за белодробни заболувања кај децата „Козле“, информиарат за МИА од болницата каде моментно се хоспитализирани околу 40 деца со бронхопневмонија. -Состојбата е мирна и стабилна. Иако е само првата седмица од второто полугодие. До петок идната седмица ќе видиме дали почетокот на вториот дел од учебната година ќе влијае на бројката на пациенти, коишто ќе дојдат во нашата установа, изјави за МИА директорот на болницата „Козле“ Бесник Зеќири.

Advertisement

Зеќири потсети дека зголемен број на пациенти, помали и повозрасни деца, имале пред Новата година.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.