(ВИДЕО) Маричиќ и испрати бакнежи на пратеничката Дафина Стојановска: „Лигав еден, како не ти е срам“

news
Advertisement

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска за време на седницата за пратенички прашања зема збор процедурално за да и се обрати на министерката за труд и социјалната политика, Јована Тренчовска, но додека беше на говорница, го обвини вицепремиерот Бојан Маричиќ дека во истиот момент и испратил бакнежи и и намигнувал.

Advertisement

Стојановска од вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ побара да излезе на говорница и да го каже тоа што го зборува позади микрофон.

– Како не ви е срам, нека ве снимат камери, вицепремиер за европски прашања, ужас сте. Нека ве сликаат како праќате бакнежи, лигав еден, како не ви е срам, мене ќе ми праќате бакнежи. Јас ова не го дозволувам. Ужас, ужас, ова е скандал од невидени размери. Вака може да се однесувате само дома, бакнежи и намигнување само дома вицепремиеру. Срам и резил сте и вие министерке Тренчовска, партински митинзи тука одржувате – рече Стојановска.

Потпретседателот Горан Мисовски се обиде да ја смири ситуацијата и им порача на пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ кои бурно реагираа дека нема потреба од нервоза.

– Не спаѓа во одржување на ред ако министер во Владата го искаже својот политички став. Седнете си, нема потреба од нервоза. Искрено, Дафина можеш да реагираш колку сакаш, јас се согласувам со тоа на министерката Тренчовска што го кажа – рече Мисовски.

Стојановска и уште неколку пратенички дојдоа до Мисовски и бурно реагираа, по што тој и дозволи на Дафина Стојановска да зборува повторно.

– Требаше да ја опоменете и министерката за труд и социјална политика Тренчевска и вицепремиерот Маричиќ за однесувањето и за она што се случи во текот на моето процедурално. Вие зад мене многу добро гледавте што прави вицепремиерот додека зборував. Вие не сте тука да се согласувате со одговорите на министрите, туку да ја водите седницата. Министерке како претседателка на ФОрумот на жени во СДСМ требаше да застанете зад мене тука и да реагирате за ова што ми го направи Маричиќ – додаде пратеничката.

Извор: https://a1on.mk/macedonia/video-marichikj-i-isprati-baknezhi-na-pratenichkata-dafina-stojanovska-ligav-eden-kako-ne-ti-e-sram/?swcfpc=1&fbclid=IwAR1ry4uHYY6vNVjaYbPkM73hrwTbUh3Bel5tlfgHbUS_fbZm5-WAi0zhdGo

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.