Advertisement
Вицепремиерот Бојан Маричиќ пред повеќе од еден месец најави извештаи со кои ќе докаже дека не јадел сам бифтеци, калифорниски пастрмки, но и пици за над 17.000 денари во еден ден на државна сметка, но се предомисли, пишува новинарот Кристијан Ландов од „А1он“.
Advertisement
Според порталот, Маричиќ сега бара Министерството за правда со кое раководи министерот Никола Тупанчески да му ги оправда трошењата за кои јавноста никогаш не ги виде задолжителните извештаи кои треба да покажат дали навистина имало работни средби и со кого кога се плаќало со државни пари.
„А1он“ први објавија што јаде Маричиќ по ресторани, како и дека нема месец без тој на државна сметка да се гоштева по меани.
Повеќе…
Advertisement