(Видео) Овој маж веќе 55 години не излегува од дома: „Екстремно се плашам од жени“

news
Advertisement

Каликсте Нзамвита е 71-годишен маж од Руанда кој веќе 55 години не ја напуштил својата куќа поради својот „екстремен страв од жени“.

Advertisement

Тој последните 55 години ги поминал во самонаметната изолација за да избегне каков било контакт со жени. Почнал да се изолира на 16 години, а поради стравот од жени во својот мал дом ги извршува сите функции како спиење, готвење, чистење…

„Причината поради која се заклучив внатре и имам ограда на мојата куќа е затоа што сакам да бидам сигурен дека жените нема да ми се приближуваат“, објаснил тој во интервју за „Afrimax TV“.

Неговата сосетка објаснила дека Нзамвита одбива контакт: „Кога се обидуваме да му помогнеме, тој не сака да му се приближиме или да разговараме со него. Наместо тоа, му даваме работи така што ги фрламе во неговата куќа. Тој не дозволува да се приближуваме до него, но она што му го нудиме, тој сепак го зема од далечина“.

Ирационален страв од жени
Нзамвита верува дека пати од гинофобија, специфична фобија која се опишува како „ирационален страв од жени“, иако никогаш не му била официјално дијагностицирана. И покрај сè, тој тврди дека е задоволен од ваквиот начин на живот.

Начинот на кој живеам е сосема доволен за мене. Никогаш не сум размислувал да имам сопруга и тоа е во ред. Не сакам жени околу мене бидејќи многу ме плашат“, објаснил тој.

Инаку, гинофобијата не е официјално признаена како ментално растројство, но клинички се класифицира како специфична фобија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.