„Вартекс“ го демантира Сугарев од ФЗОМ: „Трикафта“ е одобрена за деца под 12 години

news
Advertisement

Поранешниот директор на Фондот за здравство, Миле Сугарев, минатата недела во Собранието, додека беше испрашуван за буџетот на Онкологија и за огромната дупка во него, за момент излезе надвор од темата и тоа беше доволно денеска да биде демантиран. Станува збор за изјавата која Сугарев ја даде во врска со лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза. Тој кажа дека „трикафта“ не била одобрена ниту од Европската Агенција за лекови (ЕМА), ни од Агенцијата за храна и лекови на САД (ФДА) за деца под 12 години. Сугарев додаде дека затоа ни тој нема да потпише одобрение за децата под 12 години во Македонија.

Advertisement

Но, фармацевтската компанија „Вартекс“ во писмено соопштение денеска го демантира Сугарев. Оттаму тврдат дека информацијата што Сугарев ја кажа пред пратениците не е точна.

Спротивно на некои извештаи, „трикафта“ е посочен за третман на цистична фиброза кај пациенти постари од 2 години, според лиценцата на Американската агенција за храна и лекови (ФДА). Во ЕУ, лекот е лиценциран под името KAFTRIO®. Според Европската агенција за лекови (ЕМА), KAFTRIO® е индициран за третман на цистична фиброза кај пациенти на возраст од 6 години и постари. Во моментов се разгледува продолжувањето на етикетата за KAFTRIO® за деца со цистична фиброза (ЦФ) на возраст од 2 до 5 години. Ја цениме соработката и отвореноста на македонската Влада и Парламентот досега и остануваме посветени на изнаоѓање заедничко решение во интерес на пациентите, велат од „Вартекс“.

Извор: https://www.slobodenpecat.mk/varteks-go-demantira-sugarev-od-fzom-trikafta-e-odobrena-za-deca-pod-12-godini/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.