(Видео) Османи со отчет на пресек на мандатот: Во последен момент ја извлековме државата од балканскиот вртлог

news
Advertisement

Во последен момент успеавме да ја извлечеме државата од балканскиот вртлог, порача министерот за надворешни работи, Бујар Османи во отчетот за сработеното што го даде претпладнево на пресек од неговиот мандат.

Advertisement

При преземање на Министерството за надворешни работи имал, како што рече, неколку приоритети, како добри односи со Европската Унија и со САД, добри односи со соседите, економска дипломатија, итн. Како успех, пак, ја наведе поништента Декларација во Бугарија за почеток на македонската интеграција во ЕУ.

За шефот на дипломатијата се разбирливи поделените ставови и мислења околу францускиот предлог во јавноста, меѓутоа изрази увереност оти „времето ќе покаже дека е донесена добра одлука“.

Односите со Грција го оцени како продлабочени, што го поткрепи со двата нови гранични премина кои се отворени и силната поддршка што ја добива земјава од јужниот сосед во евроинтеграцискиот процес.

Иницијативата „Отворен Балкан“ ја истакна во контекст на унапредените односи со Србија и со Албанија, со Косово, рече Османи, се склучени многу билатерални договори, го потенцира решениот спор на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), како и чествувањето на националниот празник „Илинден“ во манастирот „Прохор Пчински“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.