(ВИДЕО) СНИМКА ОД ЈАПОНИЈА: Пред земјотресот птиците чудно се однесувале

news
Advertisement

Пред силниот земјотрес во Јапонија, птиците чудно се однесувале. Иако не е докажано, научниците сметаат дека животните можат да почувствуваат дека доаѓаат природни катастрофи.

Advertisement

Не се сигурни дали се работи за нивниот супериорен слух, сетило за мирис или, едноставно, некое чувство.

Видеото кое е снимено во Јапонија, а за кое се тврди дека е направено пред неодамнешниот земјотрес, го поткрепува ова тврдење, наведува Јутрањи лист.

Според последните податоци, бројот на жртвите во разорниот земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Јапонија се искачи на 64, додека властите стравуваат дека под урнатините се затрупани уште десетици.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.