Advertisement
По пријава од Центарот за управување со кризи, хеликоптер „Бел 412“ од Хеликоптерската единица за полициски намени при одделот за воздухопловни единици на МВР, денеска пренесе повредено лице oд врвот на Водно до Клиничкиот центар во Скопје.
Advertisement
Лицето со скршена нога се наоѓало на Горно Водно, во близина на Милениумскиот крст. Пријавата стигнала на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 денеска во 11:56.
Advertisement