Advertisement
Трка помеѓу два автомобила на „Партизанска“ заврши со судир. Очевидци сведочат дека автомобилот што удри и искрши десетина метални столпчиња што го делат булеварот од патеката за велосипедисти претходно се тркал со друго возило, кое возело паралелно до него. Пред да удри во столпчињата, автомобилот удрил во контејнери.
Advertisement
Второто возило, кое возело паралелно, не застанало, туку кога возачот на „сеатот“ изгубил контрола, продолжило да вози. Засега не е познато дали возачот добил повреди.
Advertisement