САД се збунети од изборот на Ислам Абази: Потрошивме милиони долари на обука на обвинители

news
Advertisement

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Анџела Агелер, остро го критикува изборот на нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на барањето на „360 степени“ за став за целиот процес и епилогот од него.

Advertisement

Како ретко кој дипломат на САД, па и воопшто кој било дипломат во земјава, таа изразува отворено незадоволство од начинот на кој Ислам Абази стана шеф на обвинителството што треба да ја предводи борбата против корупцијата.

Во писмениот одговор на нашите прашања, јасно се вели дека амбасадорката и Амбасадата очекувале повеќе и поради милионите долари потрошени во обуки на обвинителите кои, патем, самите гласаа за шеф на ОЈО за ГОКК. Се додава и дека граѓаните заслужуваат независен правосуден сектор и дека политичкото мешање нема место во овие постапки.

„Ние, во Амбасадата на САД, секако дека резултатите ги сметаме за збунувачки, особено откако во изминатите години потрошивме милиони долари на обука на обвинители и други во правосудниот систем.

Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат независен правосуден сектор во кој позициите се пополнуваат по заслуга и квалитет (по мерит), низ транспарентни процеси, без разлика дали се во обвинителство, судство или која било друга јавна институција. Политичкото мешање нема место во овие постапки. Оние што би се вмешале преку вршење притисок, закани или коруптивни зделки на ‘мала врата’ треба да бидат повикани на одговорност од граѓаните“, одговори амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, на прашањето на „360 степени“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.