Advertisement
Невообичаена случка го одбележа денешното коло во Втората фудбалска лига (ВМФЛ). Имено, еден од фаворитите за промоција во Првата лига, екипата Гостивар го победи Тетекс со 5-0, а судијата Дејан Младеновски го исклучи голманот Александар Анѓелковски поради играње со рака надвор од шеснаесетникот и Христијан Кировски заради некоректна игра. Кировски направи глупост заради која ќе заработи голема казна. Тој му го зеде црвениот картон на судијата Младеновски и му го искина на два дела. Судијата доби резервен црвен картон од своите асистенти и го исклучи Кировски.
Advertisement
Како Кировски го искина црвениот картон на судијата Младеновски:
Судиската организација сигурно ќе му изрече сериозна казна на искусниот напаѓач на Тетекс.
Advertisement