Кумановска болница остана без возила за итна помош после синоќешната сообраќајка

news
Advertisement

Општата болница Куманово остана без возила за транспорт и итна помош откако синоќа во сообраќајка во Скопје, при транспорт на пациент од Куманово за Скопје се преврте едно од возилата. Другите две возила се на сервис, а за уште едно возило се очекува да заврши тендерската постапка и да биде набавено. Поради ваквата ситуација раководството на болницата ќе мора да позајмува амбулантно возило или од скопска брза помош или од друго место бидејќи моментално нема ниедно.Директорката на болницата доктор Снежана Захариева за Слободен печат вели дека во возилото од брза помош кое синоќа се преврте во Скопје, имало кардиолошки пациент кој што е пренесен на Клиниката за кардиологија на Клинички центар „Мајка Тереза“ а со него како придружба упатени биле и една медицинска сестра и возачот. Медицинската сестра е на опсервација поради повреди на раката.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.